Агнеса Руси-Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Бугарија, Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор во Организацијата на Обединетите нации.
Ова, како што соопшти МНР, се предлозите што се утврдени за назначување амбасадори на места каде што нашата земја немаше дипломатски претставници.
За Фрчкоски претседателот Стево Пендаровски неодамна потпиша за негово испраќање во Мисијата во ОН. На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ чиј пратеник Антонијо Милошоски претседава со Комисијата за надворешни работи на Собранието и која Фрчковски до својата нова функција ја прескокна. Од власта велат дека ВМРО-ДПМНЕ намерно го бојкотирала назначувањето на Фрчкоски со тоа што не се закажува седница на оваа собраниска комисија каде секој иден амбасадор ги образложува своите тези.


