Темен режим Режим на светлина

Моторџија прегазил овци, паднал и се повредил

Моторџија тешко се повредил откако удрил во овци кои го минувале патот. Несреќата се случила на магистралниот пат Велес-Штип,32 клучка за село Каратманово.

– На 08.10.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, клучка за село Каратманово, мотоцикл „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(36) од с.Ерџелија, светиниколско, удрил во овци кои преминувале преку патот и паднал, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Форум во Скопје - „Кина и Западен Балкан: перспективи и изгледи во новата ера“

Следна објава

Пораз на партијата на Шолц во Хесен и Баварија, пораст на десницата