На Балканијадата во Истанбул: Сребрен медал и нов македонски рекорд за Трајковски

На 28 Балканско првенство во атлетика во сала кое се одржува во Истанбул, Турција, Андреас Трајковски го освои сребрениот медал со нов македонски рекорд во сала со резултат од 7,79 метри.

Трајковски до последната серија беше на првото место со скок од 7,75 метри, но Лука Чурковиќ од Хрватска во шестата серија прескокна 7,81 метри.

Македонскиот атлетичар во шестата серија прескокна 7,79 метри, но недоволно за златото.

Бронзениот медал го освои Божидар Сарабуков од Бугарија со 7,74 метри.

Следниот настап Трајковски ќе го има на 13 февруари во Белград, Србија, на меѓународен атлетски митинг во сала.

Фото: Фејсбук на Андреас Трајковски

Претходна вестКовачевски: Пендаровски, поранешни претседатели, судии, секретари на партија можни кандидати за претседател
Следна вестЌе се работи на главната водоводна цевка во Рашче: Утре голем дел од Скопје со намален притисок на водата