На изборите во Бугарија блага предност на коалицијата ГЕРБ-СДС на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов води со 26,67 отсто од гласовите, два отсто помалку има коалицијата ПП-ДБ со освоени 24,68 проценти од гласовите, покажуваат податоците од бугарската ЦИК до 8 часот утринава. Согласно обработените 81 отсто од вкупниот број гласови од страна на Централната изборна комисија (ЦИК), во бугарскиот парламент влегуваат шест партии.

Два отсто помалку од гласовите на коалицијата на ГЕРБ-СДС добила коалицијата на Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ) со освоени 24,68 проценти од гласовите.

Во битка за третото место води Преродба со близу два отсто пред ДПС. Од досега обработените 81 отсто од гласовите, Преродба освоила 14,58 отсто од нив, а ДПС 12,69 проценти од гласовите.

Петта е Бугарската социјалистичка партија (БСП) со освоени 9,03 отсто од гласовите и Има таков народ (ИНТ) со освоени 4,25 проценти од досега обработените 81 отсто од вкупниот број гласови.

Партиите Бугарски подем и Левица, од досега обработените гласови, добиле 3,07 отсто и 2,28 отсто од нив.

За да се освојат пратенички мандати во Бугарија, потребно е партијата односно коалицијата да освои најмалку 4 отсто од гласовите.

Претходна вестНовак Ѓоковиќ повторно е на првото место
Следна вестПрвпат учествував на меѓународен натпревар по природни науки и се вратив со медал