Темен режим Режим на светлина

На Куба уапсени 17 лица осомничени дека регрутирале мажи да се борат на руската страна во Украина

Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

Во далечната островска земја – Куба тамошните власти уапсија 17 лица осомничени за поврзаност со синџир за трговија со луѓе кои дејствуваат од Русија за да регрутираат мажи за војната во Украина.

Кубанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека работи на „неутрализирање и разоткривање на мрежата за трговија со луѓе што дејствуваат од Русија за да вклучат кубански граѓани кои живеат таму, па дури и некои од Куба, во воените операции во Украина“.

Шефот на истрагата Цезар Родригез синоќа изјави дека досега се уапсени 17 лица, без да ја прецизира нивната националност.

Обвинителите истакнаа дека за такви дела предвидени се затворски казни од 30 години до доживотен затвор или дури и смртна казна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Татко и син изгореа во пожар во стан во Прилеп

Следна објава

Приведен малолетник за тешка кражба во Скопје