Темен режим Режим на светлина

Приведен малолетник за тешка кражба во Скопје

Полициски службеници вчера во Скопје, привеле малолетник за тешка кражба извршена во скопското село Ќојлија. Малолетникот го признал делото, а одземеното му било вратено на сопственикот.

– Вчера, во 14.30 часот, во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба е лишен од слобода малолетник од скопско, поради постоење основано сомнение дека на 20 август 2023 во с. Ќојлија, скопско одзел предмети од С.З., а потоа ги продал на друго лице, известуваат од МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл. 236 од Кривичниот законик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

На Куба уапсени 17 лица осомничени дека регрутирале мажи да се борат на руската страна во Украина

Следна објава

Ковачевски: Измените на КЗ не значат никакво помилување и амнестија за никого