На пунктовите има уште 480.000 вакцини, рокот им е до крајот на годината

Повик до граѓаните и натаму да се вакцинираат против Ковид-19 за да се здобијат со имунитет упати денеска Беким Сали, министер за здравство. Повикот доаѓа по се поочигледниот тренд на пораст на ковид-инфицирани лица во земјава.

Министерот Сали рече дека ако дојде момент за рестриктивни активности, изолација и вакницинирање, Министерството за здравство ќе упатува покани до јавноста за почитување на мерките.

-Во овој момент во државата на располагање имаме 480.000 вакцини со рок на траење до крајот на годината и затоа ги повикувам граѓаните да се обратат во вакционалните пунктови низ државата и да се вакцинираат односно да се здобијат со имунитет. Очекуваме дека со зголеменото движење на граѓаните ќе има забрзано ширење на вирусот, односно тоа што денес се 190 случаи на ковид заразени, можеби за една седмица ќе биде и 1.000 заразени и затоа е потребно секој да се заштити, порача министерот Сали.

Од Министерството за здравство очекуваат граѓаните да ги прифатат сите апели за подигнување на свеста, а во случај на зголемен број на случаи на заразени лица ќе се применат рестриктивни мерки.

Претходна вестМакрон: Најдовме решение за спорот меѓу С. Македонија и Бугарија
Следна вестАпелациja и ја намали казната на Ангела Ѓорѓиевска, осудена за убиството на Пино Секондо