Темен режим Режим на светлина

236 санкционирани возачи во Скопје, 68 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 16 мерки за возење без возачка дозвола и 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, пет мерки за возач почетник…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Претпладне сончево и многу топло, попладне локален дожд

Следна објава

Од денеска струјата во просек поскапа за 7,4 отсто