ВМРО-ДПМНЕ: Генчова ги разобличи лагите на Ковачевски, француски предлог е ист

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчова со изјавата за бугарската агенција БГНЕС дека нема никаква промена во модифицираниот францускиот предлог ги разобличи лагите на Димитар Ковачевски и Бујар Османи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најгоелмата опозициска партија потенцира дека Ковачевски и Османи модифицираниот француски предлог го претставуваат како дипломатски триумф, а всушност според информациите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ се работи за истиот предлог, со само неколку модифицирани збора, без суштински промени.

-Згора на тоа, Бугарија Кирил Петков и Румен Радев се радуваат и го прифаќаат предлогот кој Ковачевски го крие. Сите во соседството знаат, само народот во Македонија не знае што има во предлогот. Ковачевски и Османи мора да одговорат, како тоа македонската јавност не знае што содржи францускиот предлог, а албанскиот премиер Еди Рама ги повикува македонските граѓани да го прифатат предлогот бидејќи како што пишува истиот значи можност за почеток на преговорите на државата со ЕУ?, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека очигледно е дека станува збор за истиот предлог кој веќе еднаш Ковачевски во Брисел го одби, кога се обидуваше да глуми задоцнет патриот.

-Да беше толку добар предлогот, да имаше промени кои се во интерес на македонската страна, Димитар Ковачевски веднаш истиот ќе го објавеше во јавноста“ се додава во соопштението.

Претходна вестКовачевски на средба со коалициските партнери по што ќе биде објавен францускиот предлог
Следна вестАсен Василев е кандидат за наследник на Кирил Петков