Најголемата колекција на човечки мозоци се наоѓа во Данска

Најголемата колекција на човечки мозоци се наоѓа во данскиот универзитет во Одензе. Органите се складирани во тегли со формалин, а колекцијата се состои од 9.479 органи извадени од трупови на ментално болни пациенти во текот на четири децении се до 1980 година.

– Станува збор за некаков вид експериментално истражување кое започнало во 1945 година, објасни експертот за историја на психијатријата Џеспер Вачи Краг.

Научиците веруваат дека можеби би можеле да откријат нешто за тоа каде е изворот на менталната болест или мислеле дека можат да најдат некои одговори во органите.

За оваа колекција во Данска не е побарана дозвола од пациентите ниту од нивните семејства, додека тие биле живи.

– Тоа беа државни психијатриски болници и немаше никој кој поставува прашања за тоа што се случува внатре во таквите институции, вели Вачи Краг.

Во тоа време, правата на пациентите не се почитувале многу. Напротив, општеството сметало дека мора да биде заштитено од такви луѓе, изјавил научник од Универзитетот во Копенхаген. Според тогашниот закон, пациентите сместени во психијатриски установи помеѓу 1929 и 1967 година морале да бидат стерилизирани, и до 1989 година, тие морале да бараат посебна дозвола ако сакаат да се венчаат.

Како што вели Вачи, Данска ги сметала „ментално болните“ како товар на општеството  бидејќи се веруваше дека можат да предизвикаат разни проблеми ако бидат пуштени од болница или ако им дозволат да имаат деца, затоа телата на секој од починатите Данци, биле подложени на обдукција.

– Тоа едноставно беше дел од културата тогаш. Аутопсијата беше само уште една болничка процедура, објасни Нилсен.

Колекцијата, која долго време се чувала во градот Архус на западот на Данска, била преместена во Одензе во 2018 година. Истражувањето во кое беше користена колекцијата опфати широк спектар на болести, од деменција, преку шизофренија и биполарно растројство до депресија.

Невробиологот Сузана Азнар, експерт за Паркинсонова болест од болница во Копенхаген, ја користи колекцијата на органи во формалин како дел од истражувачкиот проект на нејзиниот тим.

Таа објасни дека мозоците во колекцијата се единствени бидејќи им овозможуваат на научниците да ги проучуваат и ефектите од современите медицински процедури.

-Тогаш пациентите не се лекуваа со процедурите што ги применуваме денес, додаде таа.

Затоа мозокот на денешните пациенти претрпел промени поради терапии на кои тие се подложуваат. Кога тимот на Азнар ги споредил денешните мозоци со оние од колекцијата Оденсе, имале можност да видат дека овие промени се поврзуваат со терапефтските процедури што е доста битен податок за лечењето на пациентите во иднина.

Претходна вестПоради јазовците прекинат железнички сообраќај во Холандија
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите за рацете во медот