Темен режим Режим на светлина

Нападнат лекар во Итната медицинска помош во Радовиш

Физички напад врз него пријавил лекар од радовишката Итна медицинска помош, соопшти полциијата.

Х.Е. (36), лекар во Итната медицинска помош во Радовиш,пријавил дека вчера околу 19 часот во просториите на Здравствен дом, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д. (53) од Радовиш.

Како што соопштија од СВР Струмица, денеска во просториите на Полициската станица во Радовиш бил извршен службен разговор со осомничениот за нападот.

За настанот бил запознат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски: Во ВМРО-ДПМНЕ се мери рејтингот на тројца за претседателски кандидат

Следна објава

МВР: Од 13 февруари граѓаните да не управуваат возило доколку немаат возачка дозвола со името Република Северна Македонија