Денес променливо облачно со повремен дожд, на повисоките места снег

На почетокот од седмицата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините на северозапад од снег.

Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 l/m2), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат меѓу 5 и 8, додека соодветно максималните дневни соодветно ќе бидат во интервал од 11 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Tепературата ќе достигне до 16 степени.

Претходна вестМВР: Од 13 февруари граѓаните да не управуваат возило доколку немаат возачка дозвола со името Република Северна Македонија
Следна вестПендаровски: Никој не смее да биде казнет, барам Собранието да донесе одлука за важење на возачките дозволи