Темен режим Режим на светлина

Нестабилно време низ земјава, поројни врнежи и силен ветер

Променливо облачно со локални врнежи од дожд Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално условите ќе бидат и за краткотрајно невреме.

Минималните температури ќе се движат од 5 до 11 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 16 и 21 степен.

Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд. Во одделни делови од котлината ќе има услови за грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 20 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но попладневните часови ќе носат нестабилност, локални врнежи и грмежи. На одредени места процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд и силен ветер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Дел од Раштак денеска без струја

Следна објава
По повод Денот на победата Путин најави дводневен прекин на огнот со Украина

Стапи на сила тридневното примирје што го прогласи Путин