Нетанјаху: Холокаустот никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, кога им се оддава чест на сите убиени од нацистите и нивните соработници, на денот на ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц пред 78 години, рече дека никогаш нема да се повтори нешто слично на Аушвиц.

– Ветуваме дека тоа никогаш повеќе нема да му се повтори на нашиот народ. Разликата сега е во тоа што еврејскиот народ ја има државата Израел. Израел се штити сам себе. Ние сме силна и енергична нација и изградивме силна држава која нема да дозволи нашите непријатели повторно да ни нанесат голема болка, страдање и катастрофална загуба што нашиот народ ја доживеа за време на Холокаустот, додаде израелскиот лидер во изјавата.

Тој изјави дека има „такви кои се уште повикуваат на уништување“ на Израел, но таа земја никогаш нема да дозволи „заканите на тираните да го заплашат“.

– Непријателот знае дека доколку е потребно Израел може и ќе се брани и нема да дозволи непријателот да може да го спроведе својот убиствен план дури и кога се обидува да развие најсмртоносно оружје, рече Нетанјаху и најави дека еврејската држава ќе го запре тоа.

Во Израел годинава Денот на сеќавање на Холокаустот посебно ќе биде одбележан на 17 и 18 април. Според податоците од 2022 година, во Израел имало 161.400 преживеани од Холокаустот, со просечна возраст од 85,5 години и 1.000 постари од 100 години.

Претходна вестТетовец пријавил дека бил удрен со автомобил од неговата поранешна девојка
Следна вестОсновците во Аеродром ќе играат текбол, Општината доби донација од 40 табли и 80 топки