Тетовец пријавил дека бил удрен со автомобил од неговата поранешна девојка

Жител на Тетово пријавил дека неговата поранешна девојка го удрила со нејзиното возило.

– Дваесет и седумгодишниот Д.М. од Тетово, ноќеска (27 јануари) во 3 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 2 часот и 20 минути на улица „141“ во Тетово бил удрен од возило „алфа ромео“ со тетовски ознаки, што го управувала тетовката А.М.(26), со која подолго време биле во врска, информираат од МВР.

Се расчистува и документира случајот.

Претходна вестДа не се блокираат патиштата за роденденот на Гоце Делчев, МВР биле тука, порачува Спасовски
Следна вестНетанјаху: Холокаустот никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ