До 15 јануари центарoт за нови иницијативи во уметноста и културата, Локомотива, преку онлајн настани ќе ги презентира видео интервенциите од проектот „Неуспехoт како пракса“ на уметникот Дарко Драгичевиќ (Берлин) остварена заедно со уметнички соработници: Рут-Јохана Андерсон (Стокхолм), Кристина Цупке (Берлин), Владимир Јанчевски (Скопје), Нина Мешко (Љубљана), Зорица Милисављевиќ (Белград) и Зорица Зафировска (Скопје).
– „Неуспехот како пракса“ е тринеделен проект на Локомотива остварен во соработка на Гете-Институтот Скопје, кој започна со тридневни работилници водени од Дарко Драгичевиќ на која шесте поканети уметници од пет различни европски земји соработуваа и размислуваа за општото разбирање на неуспехот во различни социо-политички контексти, а за таа цел се служеа со серија аналитички и практични задачи како средства за набљудување и алатки на дискурс за понатамошна интерпретација на потенцијалите на глобалното разбирање на неуспехот и неговите трансформативни моќи во продуцирање на новостекнати знаења, посочува тимот на Локомотива.
Проектот „Неуспехот како пракса“ започнал во мај 2017 година како серија работилници предводени од Дарко Драгичевиќ, изведбен и визуелен уметник.