Темен режим Режим на светлина

Нови 476 заразени и 17 починати

Во последните 24 часа направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19: Скопје – 270, Прилеп – 25, Куманово – 24, Битола – 21, Кавадарци и Кичево – по 18, Гевгелија – 16, Велес – 13, Тетово – 12, Гостивар – 9, Неготино – 8, Охрид – 7, Струга и Крива Паланка – по 5, Кочан – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Струмица, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Ресен , Дебар, Пробиштип , Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (476), регистрирани се 68 реинфекции.

Регистриран сe 524 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1),Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 63г. до 89г. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 27.02.2022. Од пријавените лица три лица се починати во домашни услови, а пет лица  се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027 а бројот на активни случаи изнесува 3.431 од кои 1.840 во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ракетен напад на Харков, Зеленски побара Украина да биде примена во ЕУ

Следна објава
Не се очекува нов ценовен удар за граѓаните, но некои производи треба да поевтинат, смета Мицкоски

Бектеши тврди дека ценовни шокови нема да има, мелничарите велат дека покачувањата се соодветни и различни