Почина кавадарчанецот кој синоќа како пешак беше тешко повреден во сообраќајната незгода што се случила во Кавадарци, соопшти полицијата.
По несреќата тој беше префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, но лекарите не можеле да му помогнат.
-Синоќа во 20.55 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улица „Никола Минчев“ и булевар „Македонија“ во Кавадарци, патничко возило „Тојота ланд крузер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кавадарци удрило во П.Ч.(83) од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.Ч.
и бил пренесен во Општата болница Кавадарци, а подоцна и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 00.05 часот починал, соопштуваат од МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





