Во Полициската станица Карпош вчера бил приведен Л.Г.(18) од Романија. Тој се сомничи дека на 17 февруари 2022 измамил 77-годишна жена од Скопје, односно дека сторил кривично дело по член 247 од Кривичниот законик, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, тој се претставил како бизнисмен од странска земја и нудел предмети на продажба, а притоа барал да му се плати во злато.
Со Л.Г. бил извршен службен разговор во присуство на Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




