Темно Режим Светло Режим

Нови директори на две јавни претпријатија во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски донесе одлука за кадровски промени во две јавни институции, со цел подобрување на нивното работење и поефикасно управување.

За директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови – Прилеп е именуван Игор Неделкоски, дипломиран сообраќаен инженер со десетгодишно работно искуство во приватниот сектор. Во состав на претпријатието се јавниот градски превоз и паркинг-системот.

За директорка на ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ – Прилеп е именувана Билјана Петкоска, дипломиран професор по предучилишно образование и воспитувач во установата со повеќе од 20 години работно искуство.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, им се заблагодари на досегашните раководители за нивниот ангажман, посветеност и придонес во работењето на институциите, посочувајќи дека кадровските промени се направени со цел јакнење на стручноста, стабилно и транспарентно работење, како и зголемување на довербата кај граѓаните. Проданоски истакна дека со именувањето на новите директори очекува подобро функционирање на институциите и поквалитетни услуги за граѓаните на Прилеп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Каде зимата е најмагична: Италијанскиот град што цвета во студените месеци

Следниот Пост

Коњановски: Битола и Пустец ја продлабочуваат соработката преку заеднички проекти