Колумна на Пеце Лозанов:
Кај нас како и повеќето држави во Светот се ограничува количеството на алкохол кај возачите за сопствени потреби до 0.5 промили, но дали се потребни измени, односно намалување на оваа бројка? Се разбира дека се потребни измени. Намалувањето на 0.0 промили би придонело зголемување на безбедноста на сообраќајот, заштита на сите учесници во сообраќајот и побезбедни возачи. Зошто би го констатирале ова, се поставува прашање, – Знае ли некој, колку изнесува тоа 0.5 примили или колку чашки алкохол изнесува? Никој! Не го знае одговорот, ниту експерти или медицинските лица. Зошто? – Затоа што при конзумирање на алкохолот влијаат многу фактори, на пример: глад, замор, нервоза … исто така временски период (летен период, телото, пот итн.).
Ќе напоменам – колку возачи издржуваат казна затвор, заради сообраќајни незгоди под присуство на алкохол или колку “невини“ возачи издржуваат казна затвор, заради фактот на присуство на алкохол, кој другата страна (другиот учесник во сообраќајната незгода) го користи како аргумент во своја одбрана. Ги има премногу!
Како лидер во регионот ќе ја истакнам соседна Албанија, возењето под влијание на алкохол е најстрого забрането т.е. дозволено ниво е до 0.01 промил (кај нас тоа би било 0.1 промил ) за сите возачи, исто така би ја споменал соседна Србија дозволено ниво на алкохол во крвта кај возачите изнесува до 0.3 промили (0.03 промили), додека 0 промили за професионални возачи. Или. доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта.
Според анализите на МВР, Биро за јавна безбедност, одделот за криминалистичко разузнување и анализа бројките се фрапантни, во последните 10 години (2010-2019), вкупна бројка на сообраќајни незгоди изнесува 103 илјади или тоа би дошло 10,3 илјади незгоди на годишно ниво или во процент на 100 илјади учесници во сообраќајни незгоди, од нив околу 65 проценти се возачи, додека само 10 отсто се пешаци, останато сопатници. Во просек, бројките на годишно ниво се навистина страшни, изнесуваат околу 178 незгоди на 100 илјади жители, околу 6,8 лица го губат животот, а околу 248 лица се со тешки или лесни повреди, кој најголемиот процент причинител припаѓа на присуството на алкохол. Ќе додадам само дека никаде во Законот не вели „Немој да пиеш“. Само се забранува возењето под дејство на алкохол. Доаѓаат убави моменти во животот (дипломирање, веридба, раѓање на дете итн) секој ке наздрави, ќе прослави такви моменти во животот. Но кога сте на такви прослави совет е : Паркирај го возилото на најблискиот паркинг, заклучи го, клучот стави го во џеб и заборави на возилото, за враќање кон дома користи јавен превоз или такси. Другиот ден можеш да си го земеш возилото. Има една изрека „На патиштата вистинскиот непријател секогаш ќе биде алкохолот“!