Темен режим Режим на светлина

Објавена листата на највисоките мажи во светот, на Балканот највисоки Босанците

Веб-страницата „World of Statistics“ објави податоци за просечната висина на возрасни мажи во светот.

Како што навеле во објава на Твитер, највисоки се мажите во Холандија – во просек 182,54 см.

Следуваат Белгијците и Естонците со просек од 181,70 и 181,59 см, а потоа Летонците (181,42 см) и Данците (181,39 см).

Меѓу земјите во регионот, највисоки мажи се од Босна и Херцеговина (180,87 см), кои се на шестото место на оваа листа, а веднаш зад нив се Хрватите (180,78) и Србите (180,57 см).

Кога ќе се пресмета светската просечна висина на мажите таа е 171,28 см.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Одбојкарките поразени од Австрија

Следна објава

Промовирана книгата „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова