Темен режим Режим на светлина

Облаци, ветер и страмежливо сонце во цела Македонија

Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Скопјани, по вчерашниот сончев ден, утрово се разбудија со облаци и силен ветер. Инаку, времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени сончеви периоди. Во претпладневните часови, особено во југозападните делови, ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на одредени места, особено долж Повардарието и во источните делови, повремено ќе достигнува брзина над 70 километри на час.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северен правец, при што температурата ќе достигне до 18 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Саудиска Арабија ги зголеми цените и ги пренасочи пратките на нафта

По објавата на договорот за примирје, цените на сировата нафта нагло падна

Следна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Неколку населби во Скопје и околината денеска без струја