Темен режим Режим на светлина

Обвинителството за организиран криминал на Ислам Абази ќе ја истражува продажбата на „Соравија“

Отворен е предмет за истрага за продажбата на трговскиот центар „Соравија“ од стана на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).

Обвинителството, во одговор за Алсат вели дека отворило случај за истрага по допрен глас.

-Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по информациите кои постојано се објавуваат во медиумите, минатата недела отвори предмет по допрен глас за купопродажбата на ТЦ ‘Соравија’. Предметот е доделен на јавен обвинител кој ќе постапи и ќе ги достави соодветните поднесоци до институциите надлежни за истрага на финансиските текови (Управа за финансиска полиција, Единица за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи итн.), се наведува во одговорот на ОЈО-ГОКК.

Познато е, еден од учесниците во оваа зделка е и внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Дрин Ахмети, кој доби над 39 отсто од акциите без да инвестира ниту денар.

Во ноември минатата година шефот на ОЈО-ГОКК Ислам Абази дојде во фокусот на јавноста откако по неговиот избор во јавноста се појавија негови фотографии со членови на ДУИ. Абази, како што можеше да се види на една од фотографиите е во друштво на Фекри Ахмети, братот на Али Ахмети, на Невзат Бејта, поранешен градоначалник на Гостивар и висок функционер на ДУИ, и на Дилавер Бектеши, истакнат член на ДУИ. Непосредно по изборот Абази изјави дека „нема лични контакти со лидерот на ДУИ, Али Ахмети или со функционери на партијата“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Застрелани деветмина, меѓу кои и деца, во Вашингтон

Следна објава

Осомничени 20 лица, пет од нив вработени во МВР, криумчареле автомобили вредни 500 илјади евра