Темен режим Режим на светлина

Кренар Лога: Времената мерка е беспредметна, наскоро ќе има нов текст за Упатството

Времената мерка која Устваниот суд ја донел за Упатството ќе биде беспредметна и наскоро ќе биде изработен прочистен текст, најави министерот з апрвада Кренар Лога на попладневната конференција за печат. Тој реагира на одлуката на уставните судии кои денска донесоа времена мерка со која се запира издавањето на изводи од матични книги со графа – националност. Основната причина за поведување на постапка е пречекорување на рокот за потпишување – од потпишување, до објава во Службен весник.

Според Лога, уствните судии само „купуваат време“.

– За укинувањето сметам дека требаше да биде од формален аспект, а не да се купува време. Јас ја почитувам нивната одука за времена мерка и најавувам дека ќе има нов прочистен текст на упатството кој ќе биде деновиве пуштен за објавување. Со тоа времената мерка ќе биде беспредметна, рече министерот Лога.

Тој додаде дека е изненаден што судиите и досега не реагирале во однос на други акти.

-Ме радува оваа иницијатива, но изненаден сум од фактот што Уставниот суд досега не покренал постапка и за други подзаконски акти кај кои не се почитува уставниот рок за објавување во Службен весник. Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија. Најавувам дека во иднина јас лично ќе поднесувам иницијативи до судот за непочитување на уставните рокови. Вината не е во Министерството туку во Секретаријатот за законодавство во рамките на Владата, изјави Лога.

Тој нагласи дека нема да покренува нова иницијатива во врска со други акти и заради процесни забелешки, како Законот за јазици и за Законот за Преспанскиот договор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Со харпун ловел крап во Охридско Езеро, потоа ја нападнал и полицијата

Следна објава

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје