Темен режим Режим на светлина

Од полноќ поевтинуваат горивата во Македонија

Ново поскапување на горивата, во просек за 1,24 проценти Ново поскапување на горивата, во просек за 1,24 проценти

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на одлуката од 23.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,454%, кај дизелот за 0,742%, кај екстра лесното масло за 2,637% и кај мазутот зголемувањето е за 1,773%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,187%.

Од 27.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,343 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ПОЦ: За една недела санкционирани 225 непрописно паркирани возила на територијата на О. Центар

Следна објава

Мицкоски: Предлогот за избор на претседател во Собранието е дефокус и треба да се игнорира