ПОЦ: За една недела санкционирани 225 непрописно паркирани возила на територијата на О. Центар

На сообраќајниот хаос во македонската метропола никако да му се најде лек. Има се повеќе згради, но се помалце паркинг – места. Но, за сообраќајниот хаос виновни се и несовесни шофери кои се паркираат непрописно. Затоа ЈП Паркинзи на Општина Центар интензивно работи и ги казнува овие шофери, за што денеска излегоа со соопштение за бројот на казнети непрописно паркирани возила.

– ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 225 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 19.02. до 25.02.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 113 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 112 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, стои во соопштението на ЈП ПОЦ и Општина Центар.

Претходна вестСобранието в среда ќе гласа за Законот за игрите на среќа и забавните игри и за член на ДИК
Следна вестОд полноќ поевтинуваат горивата во Македонија