Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека новиот договор на европските министри за внатрешни работи за реформа на миграциската политика е неприфатлив. Според него Брисел ја злоупотребува својата моќ
– Брисел ја злоупотребува својата моќ. Тие сакаат со сила да ги преселат мигрантите во Унгарија, ова е неприфатливо истакна Орбан, преку својот Твитер профил.
Министрите за внатрешни работи на членките на Европската Унија постигнаа договор за промена на системот за азил, кој вклучува и споделување на одговорноста кога станува збор за мигрантите што влегуваат во Европа без дозвола. Според договорот земјите кои не прифаќаат мигранти на своја територија да мора да платат 20.000 евра по лице.
Договорот беше постигнат на состанокот доцна во четвртокот, а се чекаше седум години.
Европската комисија пред три години предложи усвојување на нов закон за миграција и азил, објави Катимерини.
Седумте водечки земји-членки на ЕУ, вклучително и Франција и Германија, сепак побараа договорот да биде изнесен пред Европскиот совет на крајот на месецот.
Меѓу тие земји беше и Италија, но на вчерашната средба италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пиандендоци до последен момент побара промени, особено во однос на бројот на мигранти кои треба да се преселат во ЕУ.
Договорот беше одложен и поради Германија, која се обиде конечно да добие согласност од коалициската влада.



