Осуммина битолчани со „рено“ сакале да прегазат полицајци, а потоа и физички ги нападнале

Кривична пријава против осум лица поради напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста, поднесе СВР Битола.

До Основното јавно обвинителство во Битола, кривични пријави се поднесени против Д.М.(20), Д.М.(21), Д.Ќ.(22), Н.Б.(26), С.М.(45), М.М.(39) и двајца малолетници, сите од Битола, поради постоење основано сомнение за извршено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ казниво според Кривичниот законик.

-Вчераутро во 8 часот во населба Баир, на ул.„Караорман“ во Битола, пријавените почнале агресивно да се однесуваат кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, сакале да ги прегазат со патничко возило „рено“ во кое се превезувале, а фрлиле и тврд предмет кон нив, при што повредиле еден полициски службеник. Малку подоцна тие физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства. Од страна на Судија на претходна постапка, на С.М, Д.М, Д.К, Н.Б. и Д.М. им е одредена мерка притвор, информираа од СВР-Битола.

Претходна вестПочна реконструкција на неколку улици во населбата 11 Октомври
Следна вестМаж изгоре во запалена куќа во Крушеани