Темен режим Режим на светлина

Пациенти тепаат новодојден пациент во „Бардовци“

Вознемирувачко видео на кое пациенти во психијатриската болница Бардовци снимаат и тепаат новодојден пациент се појави на социјалните мрежи. Од пациентот се бара прво да се претстави, а потоа почнуваат да го малтретираат.

– Седи тука, воспитни! Така се пречекуваат новите гости, се слуша на видеото.

На видеото се слуша како еден од пациентите бара од човекот да се претстави, а потоа им дава насоки на другите во просторијата да го тепаат.

Од психијатриската болница Бардовци, но и од Министерството за здравство до сега нема никаква реакција за ова нечовечко иживување со пациентите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Водата се повлекува од Нова Каховка, загрозени се околу 42.000 луѓе од поплави

Следна објава

Ни фали Хавиер Солана кој кажа: 2009-та е добра година Македонија да ги започне преговорите со ЕУ