Во последните 24 часа во Македонија се направени 591 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство.
Од новозаразените 63 случаи се во Скопје, Куманово 4,Штип 4,Прилеп 14,Тетово 7,Велес 4,Битола 1,Охрид 2,Кавадарци 12,Гостивар 2,Гевгелија 4,Струмица 1,Крива Паланка 1,Радовиш 1,Кочани 1,Пехчево 1,Берово 1,Виница 1,Делчево 1,Кичево 3 и Неготино 1.
-Починати се 22 лица, три пациенти од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово (88г.), еден од Дебар (43г.), од Штип (64г.), пријавени се девет пациенти од Прилеп од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68г.), двајца од Струга (86 и 78г.), еден пациент од Велес (75г.), од Битола (58г.), од Гевгелија (72г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86г.) и еден пациент од Кичево (69г.). Пациентите се починати во болнички услови., се наведува во информацијата.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1122 оздравени пациенти.
-Досега во земјата се направени вкупно 381.207 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78434, бројката на оздравени пациенти е 55155, на починати е 2314, а бројот на активни случаи изнесува 2096, информира Министерството.