Темен режим Режим на светлина

Покренато обвинение против Трамп; Тој вели ова е политички прогон

САД во разговори со Иран, најавен можен пресврт САД во разговори со Иран, најавен можен пресврт

Ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата, вака поранешниот американски претседател Доналд Трамп го оценува обвинението поднесено против него. Имено тој е обвинет во врска со нелегална исплата за молчење на порно актерката Сторми Дениелс, која тврди дека имале афера, потврди обвинителството од Менхетн.

Обвинението се случува четири години откако Мајкл Коен, адвокатот кој ја направи исплатата во име на Трамп, беше осуден на три години затвор. Тој сега е сведок против поранешниот претседател.

Адвокатот Коен, откако беше осуден, кажа дека Трамп му наредил да ѝ плати на Дениелс 130 илјади долари за да молчи, непосредно пред претседателските избори во 2016 година, и потоа добил поврат на средствата од Организацијата Трамп.

Трамп ја негира аферата со Дениелс и неговиот правен тим тврди дека жртва на уцена од Дениелс.

– Ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата. Од времето кога се симнав по златниот ескалатор на кулата Трамп, па дури и пред да положам заклетва како ваш претседател на САД, радикалните леви демократи, непријателот на вредните мажи и жени во оваа земја, беа вклучени во лов на вештерки за да го уништат движењето „Направи ја Америка повторно голема“, изјави Трамп.

Според Трамп се користи судскиот систем за да се казни политичкиот противник.

– Никогаш досега во историјата на нашата нација тоа не било направено. Демократите мамеа безброј пати во текот на децениите, вклучително и шпионирање на мојата кампања, но никогаш порано не се случило да се искористи судскиот систем за да се казни политички противник, кој случајно е претседател на САД и водечки републикански претседателски кандидат, нагласи тој.

Поранешниот американски претседател го обвини Џорџ Сорос дека лично го избрал и го финансирал обвинителот и истакна дека тоа е срамота.

Тој верува дека овој „лов на вештерки“ кој ќе му се одбие од глава на Бајден“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Тело на маж пронајдено во близина на граничниот премин Блаце

Следна објава

Борел критикува за уапсениот новинар; Захарова го праша за Асанж