Последново деноноќие нема нови ковид-пациенти на Инфективната клиника

Во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот во изминатите 24 часа. Инаку во ковид-центрите во главниот град вкупно се лекуваат 249 лица пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие на Инфективната клиника не е примен ниту еден нов пациент. На интерните клиники биле примени седум нови пациенти, а во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ – пет нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени шест оздравени пациенти.

-Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, велат од ресорното министерство.

Претходна вестЌе ја заобиколат ли пратениците министерката Царовска за матурата?
Следна вестАнтикорупциска ќе проверува акумулации на функции на пратеник, на…