Поздрав за чистењето оџаци, туку бесплатни маски ќе имаме годинава?

Градот Скопје објави повик за субвенционирање на чистењето оџаци. Субвенцијата е веќе позната односно се нудат истите услови како и претходните години: трошоците на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците се покриваат во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

– Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година, информираат од Градот.

Субвенционирањето е секако за поздрав, но во време на пандемија, што за некоја недела ќе се поклопи со сезонскиот грип и загадениот воздух, клучното прашање е дали Градот и останатите надлежни не треба да обезбедат заштитни маски за скопјани, далеку повеќе отколку субвенции за оџаци, велосипеди,тротинети, инвертори и слично? Скопје изминатите зими беше лидер на табелата најзагадени градови во светот. Нашето место на светската ранг листа скопјани не очекуваат да се промени од лани до сега, но се надеваат дека барем свеста на надлежните ќе проработи.

И пред две години беа ветени бесплатни заштитни маски, но жителите на метрополата никогаш не ги добија.

Претходна вестСобранието конечно ја изгласа новата влада
Следна вестОд утре се отвораат вратите на читалните во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“