Претежно сончев ден со температури до 25 степени

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и потопло време, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 22 степена.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време. Температурата ќе биде во значителен пораст, особено од понеделник, кога на повеќе места ќе надмине 25 степени.

Претходна вестУапсено лице во казино во Драчево
Следна вестДевојка загина во силниот земјотрес во БиХ, во Мостар граѓаните трчаa надвор од зградите