Девојка загина во силниот земјотрес во БиХ, во Мостар граѓаните трчаa надвор од зградите

Неколку силни зејотреси за кратко време се случија синоќа во Босна. Едно лице загина во општина Столац. Станува збор за девојка родена 1994 година.

Според Жупаниската болница, др.Сафет Мујиќ, починатата девојка Е.С. во тешка состојба е пренесена на итната медицинска помош. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но спас немало. Нејзините родители се полесно повредени.

До несреќата дошло кога од земјотресот се урнала карпа врз семејната куќа во населбата Кукавац во Столац.

Епицентарот на земјотресот бил во источната општина Љубиње, 19 километри источно од Столац. Градоначалникот на Љубиње Стево Драпиќ изјави дека е причинета материјална штета на станбени згради и општински згради, а Службите за цивилна заштита ја проверуваат состојбата на терен.

Во Мостар голем број вознемирени граѓани истрчаа на улица бидејќи зградите силно се треселе.

Се урнале неколку ќерамиди и оџаци, а била забележана и штета на автомобил.

Сојузниот сеизмолошки институт вечерва соопшти дека јачината на земјотресот во хипоцентарот, кој се случил на длабочина од 5 километри, бил 5,6 степени по Рихтер, додека интензитетот во епицентарот бил VII степени според Меркалиевата скала.

Потресите беа почуствувани во целиот регион.

Претходна вестПретежно сончев ден со температури до 25 степени
Следна вестНајкрупни грешки во Македонија се: приватизацијата, промената на името…