Темен режим Режим на светлина

Приведени две лица, изработувале фалсификувани банкноти

Приведени се двајца велешани кои со лажни банкноти се обиделе да купуваат на пазар во Велес. При претрес во нивниот дом била пронајдена опрема за фалсификување на пари.

– В.М.(21) и Д.Р.(20), двајцата од Велес, кои се обиделе да купуваат со фалсификувана банкнота од 1.000 денари, но продавачот го забележал тоа и пријавил во полиција.

Тие побегнале од местото, но по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 1.000 денари, скенер, принтер и компјутер на кој ги изработувале, додека во домот на В.М. биле пронајдени и одземени две фалсификувани банкноти од по 100 денари и една фалсификувана банкнота од 500 денари, информираат од МВР.

Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ООУ „Љубе Лапе“ во Аеродром доби два повеќенаменски спортски терени

Следна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Избрани нови обвинители, меѓу нив и синот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази