ООУ „Љубе Лапе“ во Аеродром доби два повеќенаменски спортски терени

Два спортски терени, наменети за поддршка и промоција на спортот и младите во Аеродром денеска на свечен начин беа пуштени во употреба во основното училиште „Љубен Лапе“.

Градоначалникот Муцунски кој се обрати на настанот истакна дека локалната самоуправа е цврсто посветена да обезбеди сеопфатно образовно искуство и токму од оваа причина е почнат процесот за реконструкција на постојните и изградба на нови спортски терени на повеќе локации во Аеродром.

-Денес пуштаме во употреба два реконструирани, повеќенаменски спортски терени, со современи реквизити, опрема и место кое ќе биде почетна точка за уште многу спортски таленти кои ќе се градат во Аеродром, потенцираше тој во своето обраќање.

Во оваа прилика Муцунски нагласи дека на двата спортски терени во основното училиште „Љубе Лапе“ децата ќе имаат можност да практикуваат широк спектар на спортски активности, да ги истражуваат своите вештини и да откриваат нови спортски таленти.

Претходна вестМалолетник нападнал жена, таа паднала и тешко се повредила
Следна вестПриведени две лица, изработувале фалсификувани банкноти