Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно и конечно малку потопло

Времето денес променливо облачно со силен северен ветер Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Утрово почна со повремени сончеви зраци во Скопје. Метеоролозите најавуваат дека за време на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови од скопската котлина со услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен.

Слично време, односно променливо облачно и потопло, во утринските часови со локален дожд, ќе биде и во останатиот дел од Македонија.

Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 Целзиусов степен.

В сабота претпладне ќе има услови за локален дожд, а потоа следува сончево време со мала до умерена облачност и значително потопло, со температури кои од недела на повеќе места ќе надминат 25 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Конфискуван имот вреден 3 милиони евра, обвинителката незадоволна од казната за Груевски и Мијалков

Следна објава

22 Април – Ден на планетата Земја, ќе ја чуваме или апели само ќе праќаме?