Kазни за 120 возачи во Скопје, 37 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 120 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 37 санкции, 14 казни за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Биле изречени три мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

Претходна вестЗошто ЕУ не погледне посериозно кон бугарскиот клуб во Битола?
Следна вестМакедонија во финишот потклекна под моќната Норвешка