Македонија во финишот потклекна под моќната Норвешка

Македонската женска ракометна репрезентација остана без поени по пет кола во ЕХФ-еврокупот откако дома загуби со 18:24 (12:14) од силната репрезентација на Норвешка.

Сепак, поразот не треба да биде деморализирачки бидејќи иако македонските ракометарки постојано ја бркаа негативата, во поголемиот дел од мечот беа израмнети со ривалките задржувајќи се на само гол разлика.

Јована Саздовска постигна шест гола за Македонија, Моника Јаневска додаде 4, а на голот Јована Мицевска имаше 12 одбрани. Хелена Фауске беше најдобра за Норвешка со 6 гола.

Фото: Игор Паневски/Тоспорт

Претходна вестKазни за 120 возачи во Скопје, 37 за брзо возење
Следна вестДенеска е Велипеток