Променливо облачно време, попладне со повремени врнежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места со врнежи од дожд, јавува УХМР.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени.

Претходна вестОпштина Центар подготвува отворање „Енергетска канцеларија“
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: На ДУИ и СДС поважни им се црните бизниси, отколку реформи