Темен режим Режим на светлина

Пронајден експлозив со разорна моќ покрај гасна инфраструктура во српската општина Кањижа

Пронајден експлозив со разорна моќ покрај гасна инфраструктура во српската општина Кањижа Пронајден експлозив со разорна моќ покрај гасна инфраструктура во српската општина Кањижа

Според неофицијални информации од српските медиуми, припадници на полицијата и војската го пребаруваат теренот во општина Кањижа, барајќи недозволени супстанции кои се опасни по животот на граѓаните и делови од витална инфраструктура.

Полициската управа во Суботица, со припадници на Управата за криминалистичка полиција, заедно со Воената полиција и други единици на српската армија, од раните утрински часови се ангажирани во блокирање и пребарување на дел од територијата во општина Кањижа, со цел да се бараат недозволени супстанции опасни по животот на граѓаните и делови од витални инфраструктурни објекти во тој дел од Србија.

Полицијата и војската го пребаруваат подрачјето на патот Трешњевац-Војвода Зимоњиќ, како и на патот кон селото Велебит. Пребарувањето се спроведува од земја, со контрола и координација од воздух. Хеликоптери летаат над областа.

Се огласи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој соопшти дека е пронајден експлозив со голема разорна моќ во близина на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

„Штотуку завршив телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого го информирав за првите резултати од истрагата на нашите воено-полициски органи“, напиша Вучиќ.

Тој додаде дека српските единици пронашле експлозив и запаливи фитили неопходни за негово активирање. Вучиќ посочи дека унгарската страна ќе биде редовно информирана за понатамошниот тек на истрагата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Се празнува Цветници, вовед во Страдалната седмица пред Велигден

Се празнува Цветници, вовед во Страдалната седмица пред Велигден

Следна објава
Миодраг Давидовиќ – Дака и денеска тема на соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Миодраг Давидовиќ – Дака и денеска тема на соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ