Темен режим Режим на светлина

Радев му се закани на Петков дека ќе му ја руши Владата ако попушти за Македонија

Очекувам Владата строго да се придржува на Декларацијата на Народното собрание, на консензусот и волјата на Бугарите отворените прашања да бидат решени пред почетокот на преговорите за членство на (Северна) Македонија во ЕУ, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

Како што пренесува БГНЕС, Радев повторил дека бугарската позиција во однос на евроинтеграцијата на Македонија се базира на резултати, а не рокови и услови наметнати однадвор. Според него, секое отстапување на Владата од бугарскиот национален интерес ќе предизвика криза во власта.

-Советниците на премиерот во никој случај да не ги квалификуваат македонските Бугари како малцинство. Тоа може да го минира целиот процес на евроинтеграција на Република Северна Македонија, предупредува Радев.

Со критики се јави и пратеникот на опозицискиот ГЕРБ и поранешен министер за надворешни работи, Даниел Митов кој го обвини премиерот Кирил Петков дека функцијата ја почнал со лаги и така продолжува.

-Ние не бараме никакви права за бугарско малцинство. Бугарите во Република Северна Македонија треба да добијат статус на државотворен народ. Ве повикувам да внимавате кога зборувате. Бугарија, согласно Уставот, не признава колективни права, туку само индивидуални. Таков говор може да создаде проблеми во иднина, предупреди Митов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Општина Аеродром слави 17-ти роденден, забавата е „Кај авиончето“

Следна објава

Од денеска до јуни: Секоја сабота во Кинотека филмови за деца и млади