Темен режим Режим на светлина

Радев со честитка за Илинден до Силјановска-Давкова: Славен датум за нашата заедничка историја

Како наследници на нашите предци, имаме одговорност и историска должност да ги следиме и достојно да ги чуваме заветите од нашето минато, заради нашата заедничка европска иднина, порачува претседателот на Бугарија Румен Радев во честитката до граѓаните на Северна Македонија и до колешката Гордана Силјановска-Давкова, по повод македонскиот државен празник Илинден.

Шефот на бугарската држава во честитката посочува дека 2 август е „славен датум за нашата заедничка историја и заедно со настаните поврзани со Илинденско-Преображенското востание, се причина за гордост и почит кон храброста и посветеноста на нашите предци во името на нивните аспирации за слобода, еднаквост и правда“.

Според него, саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание го носи сеќавањето низ времето кое засекогаш ќе ги поврзе Бугарија и Република Северна Македонија и нивните граѓани.

-Високите идеали на востанието денес се основата на вредностите на обединета Европа, потенцира Румен Радев, констаирајќи дека заедничката европска иднина бара неопходна волја и искрен пристап во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и преземените обврски.

-Република Бугарија останува решена да работи на воспоставување добрососедски односи со Република Северна Македонија и да ја обезбеди потребната поддршка за исполнување на договорените критериуми за членство во ЕУ, подвлекува Радев во честитката до Силјановска-Давкова.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Софија ги објави резултатите од истрагата во конзулатот во Битола: Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство

Следна објава

Мотоциклист го загуби животот на патот Радовиш-Штип