Темен режим Режим на светлина

Софија ги објави резултатите од истрагата во конзулатот во Битола: Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство

Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во нашиот конзулат во Битола, соопшти в.д. премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Димитар Главчев, пренесува БНР.

Во Софија се објавени резултатите од истрагата околу работата на конзулатот на Бугарија во Битола, како и во амбасадата на Бугарија во Вашингтон.

-По низа проверки, утврдено е дека една од „најстратешките“ позиции во некои од бугарските дипломатски претставништва во странство е поврзана со лицата кои ја извршуваат функцијата чистач, пишива БГНЕС. Според медиумот, од извршениот увид во активностите на Генералниот конзулат на Бугарија во Битола,  се констатирани повеќе прекршоци, меѓу кои и дека хигиеничарката Весна Котевска вршела разговори со македонски државјани за стекнување бугарско државјанство.

Во оваа фаза, нејзините активности, освен хигиеничарски, престанаа и таа повеќе нема пристап до архивите и до активностите на конзуларното претставништво. Ова стана јасно на сослушувањето на в.д. премиерот Димитар Главчев во Собранието.

-Воспоставена беше работа на македонски кол-центар за снимање на часови за конзуларни услуги и давање информации, кој функционираше на целата територија на Република Македонија и бележеше часови за Генералниот конзулат во Битола и Амбасадата во Скопје. На овој начин, на правно лице со нејасна сопственост му се дало можност да ги дознае, систематизира и архивира личните податоци на десетици илјади луѓе кои низ годините аплицирале за бугарско државјанство и секаков друг вид на конзуларни услуги, објасни Главчев. наведувајќи дека телефонот на центарот за повици е пулсиран.

В.д. премиерот истакна дека е констатирано оти Генералниот конзулат во Битола наметнал работна практика со која ги насочува и всушност ги принудува своите клиенти да ги користат услугите само на една банка.

Главчев најави дека поради неинформираност, исто така, било констатирано невозможно поднесување пријави за корупција и неправилности, што предизвикува загриженост и немотивираност кај граѓаните за поднесување вакви пријави, поради страв од одмазднички дејствија на делот на вработените во Генералниот конзулат во Битола.

-Констатирани се неправилности и при обработката на барањата за стекнување бугарско државјанство.

-Генералниот конзулат во Битола има закажано часови за поднесување барања за стекнување бугарско државјанство значително над капацитетот за квалитетна услуга, обработка на документите и разговор со апликантите, што доведе до правење грешки, рече Главчев и додаде дека дел од интервјуата воопшто не се направени или се направени набрзина и формално, според него, тоа е сериозен предуслов за постоење на коруптивни практики.

Во Вашингтон има уште покуриозитетен случај на врска помеѓу чистачка и врвен дипломат. Имало и други евидентирани прекршувања и злоупотреби во оваа мисија, особено во последните години, пишува БГНЕС.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

МВР со детали за исчезнувањето на 14-годишната Клара: Се оддалечила од домот по претходната расправија

Следна објава

Радев со честитка за Илинден до Силјановска-Давкова: Славен датум за нашата заедничка историја