Темен режим Режим на светлина

МВР со детали за исчезнувањето на 14-годишната Клара: Се оддалечила од домот по претходната расправија

Откако на социјалните мрежи се прошири апел за пронаоѓање на младата Клара, се огласи и Министерството за внатрешни работи.

-На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р.. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.

Според објавата на ФБ, девојката со себе носела црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Нејзината висина е 165 цм, тежина 56 кг, а очите се кафено-зелени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Исчезната е Клара, млада девојка од населба Илинден

Следна објава

Софија ги објави резултатите од истрагата во конзулатот во Битола: Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство