Темен режим Режим на светлина

Роберт Ф. Кенеди активист против вакцините и внук на Џон Кенеди го предизвикува Бајден

Демократот Роберт Ф. Кенеди Помладиот, активист против вакцините и потомок на една од најпознатите политички семејства во САД, се кандидира во трката за претседател на изборите во 2024 година. Кенеди вчера поднесе изјава за кандидатура до Федералната изборна комисија предизвикувајќи го актуелниот претседател Џозеф Бајден за номинација на демократите, објави АП.

Кенеди (69), внук на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди и син на неговиот убиен брат Роберт Ф., некогаш беше најпродаваниот автор на бестселер и застапник за заштита на животната средина. Кенеди, сепак, стана еден од водечките гласови во движењето против вакцинацијата пред повеќе од 15 години тврдејќи дека вакцините се небезбедни.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тројца скопјани фатени со 100 кг марихуана во Неготино, дрогата била од фабриките за масло од канабис

Следна објава
Скопје со Софија ќе се поврзе со железница најкасно до 2030 година

Најава од Белград: Наместо на граница, контролите на возовите меѓу Србија и Македонија ќе се вршат на Табановце