СДСМ: Градоначалничката Арсовска стопира важни проекти за скопјани

Новата градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, три месеци не работи ништо. Ова го велат од СДСМ и додаваат дека таа не само што не реализира ниту еден конкретен проект од нејзината програма, таа се што прави е стопирање проекти и партизација на Град Скопје.

-Универзалната сала стои недовршена. За овој важен проект за скопјани, Владата предводена од СДСМ обезбеди речиси 2 милиони евра. Но и покрај обезбедените средства и склучениот договор со изведувачот, Арсовска повеќе од три месеци ја стопира реализацијата на овој проект. Арсовска го прекина Бас Рапид транзит, одби 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, а потоа бараше пари од Владата за да му се помогне на ЈСП. Арсовска не сакаше да даде пари за да се субвенционира парното, а обезбеди 670.000 евра за 109 партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација, стои во партиското соопштение.

Граѓаните од Арсовска очекуваат решенија за модерно Скопје, очекуваат да си ја совлада суетата и ароганцијата, да престане да бара оправдувања за нејзината неспособност и да почне да го работи она за што добила доверба од граѓаните, порачуваат од владејачката партија.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Во скопско Злокуќани се појави птичји грип, власта молчи
Следна вестСакаш да си дипломат – дојди ќе те направиме и во САД ќе те пратиме