Некогашниот гигант „Технометал Вардар“ станува хотел

По децениско пропаѓање, изминатите неколку месеци интензивно се работи во зградата која беше дирекција на некогашниот гигант „Технометал Вардар“.

Огромното здание кое се наоѓа во строгиот центар на Скопје, до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, и кое во изминатите години по транзицијата најчесто се издаваше на разно-разни фирми, го купила компанијата која го поседува и хотелот-спа „Буши“ и најверојатно и ова ќе биде хотел.

Изминатите неколку месеци работници интензивно работат на чистење на внатрешноста, при што може да се види дека се исфрлени бироа, шкафови, материјали, но и метални делови од структурата. Деновиве сиот тој шут се товари во камиони и се носи од местото.

Ние неколку пати пишувавме дека местото последниве години е напуштено и најчесто во вечерните часови има собирање на групи кои потоа зад себе остваат куп ѓубре, а комуналните служби, дури со почетокот на кампањата за локалните избори, го исчистија наталоженото ѓубре.

 

Претходна вестЕди Рама: Јас сум католик, сопругата ми е муслиманка, двете деца ни се православни…
Следна вестВладиката Агатангел: Должност ми е да се грижам за нашиот верен народ и да го заштитувам